Тајната Вечера

3D рамкаЗлато
243.000 ден.

Во христијанските Евангелија, Тајната вечера (исто така позната ѝ како Мистична вечера) е последниот оброк на Исус Христос кој тој го поделил заедно со Дванаесетте апостоли пред неговото предавање од страна на Јуда Искраиотски и неговата смрт. Тајната вечера е насликана на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи.

Според она што Апостол Павле го раскажал во Првото послание кон Коринтјаните во 11:23-26, во текот на Тајната вечера, во која се јадело леб и вино. На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи::

Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!

Земајќи ја чашата рекол:

„Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!”

По вечерата, Исус заедно со неговите ученици отишле во Гетсиманската градина за да се молат. Според митологијата на христијаните садот од кој се пиело виното се поврзува со Светиот грал.

Според преданието, Тајната вечера се одржала во објектот кој денес е познат како Сионска горница, кој се наоѓа само на неколку метри од ѕидините на Стариот град во Ерусалим.

- Иконата се одржува со повремено бришење на прашината со сува крпа.

- Дозволено е повремено бришење со наводенета крпа без хемикалии.

- Се поставуваат закачени на ѕид или штафелај.

- Се препорачува да не се изложени на влага и сонце.