За нас

Целосно рачно изработени, иконите на „Азно" се спој на христијанската традиција и усовршената сликарска техника на старите иконописци.

Семејството Пановски е составено од тројца дипломирани ликовни уметници од скопската, односно софиската Ликовно-педагошка академија. Повеќе од три децении изработуваме икони инспирирани од фреско-живописот карактеристичен за нашето поднебје.

Освен на поединечни икони, имаме работено на иконостаси на голем број цркви во Македонија. Покрај почитувањето на општите правила кон кои се придржува секој иконописец, во начинот на изработката на иконите настојуваме да дадеме личен печат, нешто што нашите дела ќе ги направи препознатливи по нивниот посебен стил.

Нашата изложбено-продажна галерија го носи името „Азно“, што ја симболизира основата на нашата дејност. Таа тргнува од традицијата на македонското црковно сликарство, но истовремено ја содржи и нашата семејна традиција.

Горди сме што наши икони се дел од домовите на голем број наши клиенти и пријатели од земјата и од светот. На тој начин се обидуваме да ја промовираме македонската култура, и да продолжиме, развиеме и усовршиме техника и стил на сликање кое е инспирирано од византиското сликарство од периодот на 12-15 век. Така го чуваме од заборавот она што е најубаво во уметноста на нашите простори, и коешто истовремено претставува универзално културно азно.

Автори / Уметници

Василка Пановска

Ликовен уметник, дипломец од класата на Вангел Коџоман и Спасе Куновски. Повеќе од триесет години посветена на сликањето икони, во кои внесува свој автентичен уметнички печат. За разлика од старите мајстори, кај коишто ликовите на светците се претставени со поостри црти, таа ги слика со благи изрази на лицата, кои зрачат со спокојство.

Ангелина Пановска

Семејството Пановски до сега има изработено иконостаси на голем број цркви низ Македонија:„Света Недела" во село Смиљковци, Скопско, „Света Троица" во Лисиче, „Св. Спас близу Неготино и „Света Троица" во Кратово. Иконите се изложени во продажна галерија, во строгиот центар на Скопје.

Галерија „Азно“

Семејството Пановски од 2007 год. своето творештво го пласира во новоотворената галерија во Скопје, сместена во строгиот центар на градот.

Референтна листа