Општи одредби и политики

Општи одредни и политики за користење на www.azno.mk 

I. Генерално

Правилата и условите за користење на веб продавницата и начинот на нејзино функционирање се содржани во овие Општи одредби и политики.

Со најавување на нашиот сајт, Вие сте согласни со Општите одредби и политики, кои се во согласност со позитивните законски прописи на Р.Македонија.

За заштита на Вашите податоци, Ве молиме да ја погледнете нашата Политика за заштита на лични податоци, која е објавена на почетната страна на сајтот.

II. Безбедност и сигурност

Безбедноста на нашиот сајт и сигурноста на Вашите податоци е овозможена од страна на компанијата „Македонско Наследство” ДООЕЛ Скопје. Веб продавницата не одговара за последиците причинети со неавторизиран пристап, хакерски напади, ширење на вируси и други форми на неовластено влегување во туѓ компјутерски систем. Со најавување на нашиот сајт, Вие се согласувате дека сте ги разбрале овие одредби и услови и дека истите ги прифаќање.

III. Лични податоци

Како корисници на веб-продавницата, Вие лично сте одговорни за зачувување на приватноста на Вашите лични податоци. Веб продавницата ги заштитува Вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци и не врши никаква обработка, процесирање, пренос, споделување, изнајмување или обелоденување на личните податоци на трети лица.

Корисникот лично е одговорен за безбедноста на податоците кои ги генерира како корисник на нашата веб-страница.

Забрането е користење на веб-продавницата од страна на малолетни лица под 18 години. Малолетно лице може да биде корисник на веб-продавницата единствено со придружба на родител или старател. Веб-продавницата ги зачувува сите информации од сите корисници во својата база на податоци.

IV.  Активности на веб сајтот

За користење на услугите на нашата веб – продавница треба да креирате кориснички профил или да се најавите како гостин, со тоа што потврдувате дека не сте под 18 години и дека ни доставувате валидни лични податоци, а се со цел правилно извршување на нарачката и доставување на производите.

Секој корисник има корисничко име и лозинка за најава на веб-продавницата.

Куповната трансакција се одвива преку пополнување на полиња со информации за нарачка и место на достава. Откако нарачката ќе биде завршена, Вие ќе добиете е-меил порака со потврда дека сте направиле успешна нарачка и дека производите ќе Ви бидат доставени на назначеното место.

Статусот на Вашата нарачка може да го следите преку Вашиот личен кориснички профил.

Корисниците  на веб-продавницата имаат можност да се зачленат за добивање на дополнителни услуги од информативен карактер како Е-магазин, преку наведување на нивната е-меил адреса.

Корисникот има можност да ја оценува работата на веб-продавницата преку пишување на коментари и мислења за производите преку најава од својот профил, а веб-продавницата го задржува правото да ги отстрани сите коментари и мислења со навредлива, политичка или заканувачка содржина.

V. Производи и услуги

Веб продавницата е наменета првенствено за продажба на уметнички дела – икони, изработени од страна на ликовните уметници од семејството Пановски.

Уметничките дела се авторски дела и сите материјални права од интелктуална сопственост се пренесуваат на купувачот, додека моралните права од интелектуална сопственост му припаѓаат на авторот.

Понудените производи на веб-продавницата се претставени со веродостојни и релеватни податоци кои содржат детален опис на производот (материјал, состав, техника, димензии).

Доколку купувачот на производот или услугата смета дека купил производ или услуга која не одговора на дадениот опис, има право да го врати примениот производ т.е да побара правилно извршување на услугата единствено доколку го врати назад примениот производ неоштетен.

Продажната цена на производите и услугите е изразена во македонски денари (денари) и таа е крајната цена на некој производ или услуга т.е на дадена количина на производот. Продажната цена е со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ) и сите останати давачки.

VI. Интелектуална сопственост

Сите права од интелектуална сопственост и податоци објавени на веб-продавницата, вклучувајќи авторски права и други сродни права врз текстови и фотографии, трговски марки, патенти, графички дизајни и географски ознаки се сопственост на Друштво за создавање, изложување и продажба на уметнички дела, трговија и услуги „Македонско Наследство” ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Ѓуро Стругар ул. 11А Скопје, Р.Македонија.

Секое неовластено и противзаконско користење, копирање, имитирање, приложување, јавна изведба или електронско размножување на правата од интелектуалната сопственост ќе подлежи на санкција преку поднесување на тужба и кривична пријава.

VII. Информираност

Корисникот има право на информираност во однос на сите прашања околу нарачаните производи, испорака и плаќање. Политиките на користење на веб-продавницата се променлива категорија и истите ќе се ажурираат периодочно, а сите измени и дополнувања ќе бидат благовремено објавени на нашата веб-страница.

VIII. Политика на испорака

Политиката за испорака се однесува само за оние производи кои се нарачани преку продавницата www.azno.mk. Нарачаните производи ќе бидат испорачани соодветно на начинот на испорака и ќе бидат доставени заедно со испратница и фактура.

Веб-продавницата има склучено договори за испорака на производи со повеќе оператори за логистика на територија на Р.Македонија.

Производите ќе бидат доставени на наведената локација при куповната трансакција.

Трошоците за испорака не се вклучени во продажната цена и истите се плаќаат од страна на купувачот при прием на пратката.

Доколку при испорака на нарачаните производи се случи некој настан кој влијае врз крајната достава на производите, ќе бидете контактирани на оние податоци кои сте ги навеле на Вашиот личен кориснички профил.

За сите прашања во врска со испораката или можни проблеми со испораката можете директно да не контактирате на е-меил адресата: info@azno.mk или контакт телефон: +389 (0) 2 312 1654.

Сите понатамошни тековни ажурирања на Политиката за испорака ќе бидат објавени на нашата веб-страница.

IX. Политика на приватност

Условите и начинот на собирање и обработка на податоци од веб-сајтот www.azno.mk се утврдени во оваа Политика на приватност.

Секој кориснички профил на веб-страницата е заштитен и приватноста на секој корисник е загарантирана.

Веб-продавницата не врши нелегално собирање и обработка на лични податоци, не тргува со бази на кориснички податоци, а оваа гаранција важи само за сајтот www.azno.mk .

Со регистрирање на кориснички профил и најава како купувач на сајтот www.azno.mk давате директна согласност дека сте ја разбрале оваа Политика на приватност и ги прифаќате дефинираните услови.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрени од нивните родители или старатели.

При креирање на кориснички профил се зачувуваат податоците кои ги наведувате како: име и презиме, матичен број, контакт телефон, е-меил адреса и адреса на живеење од лична карта.

Сите понатаможни тековни ажурирања на Политиката за приватност ќе бидат објавени на нашата веб-страница.

X. Политика за плаќање

Веб-продавницата гарантира целосна безбедност на Вашите податоци за плаќање. Веб-продавницата не ги зачувува или собира податоците од банкарска картичка или број на банкарска сметка.

Вашата трансакција ќе биде процесирана преку порталот за наплата од платежните картички на соодветна банка со голема сигурност и безбедност.

Податоците со кои се најавувате на сајтот треба да ги чувате во тајност.

Доколку се сомневате во безбедноста на Вашиот профил, веднаш треба да не известите и да извршите промена на Вашата лозинка.

Сите понатамошни тековни ажурирања на Политиката за плаќање ќе бидат објавени на нашата веб-страница.

XI. Политика на поврат на испорачан производ

Начинот, условите и роковите за замена или поврат на производите кои се нарачани и платени од страна на клиентите се уредни со оваа Политика за поврат на испорачан производ.

Политиката за поврат се однесува единствено за купени производи и услуги од веб – продавницата www.azno.mk.

Купувачот нема право да бара враќање или замена на купен производ доколку причината за тоа барање е негова лична перцепција за вредноста и квалитетот на купениот производ или услуга.

Купувачот купува уметничко дело кое само по себе претставува авторско дело чија вредност и квалитет се утврдува единствено по видување на авторот.

Купувачот има право да испрати барање за враќање или замена на производот во рок од 2 (два) работни дена од денот на прием на нарачаниот производ т.е услуга.

Замена на производ со нов е можна доколку производот кој е нарачан не е отпакуван и оштетен. Повратот се врши преку испраќање на производот на адреса на продавачот, заедно со приложена фактура и испратница, издадени од продавачот.

Доколку купувачот побара поврат на платените парични средства, тоа може да го направи само доколку производот не е искористен или оштетен, со приложена фактура и испратница, во рок од 2 (два) работни дена откако го има добиено производот. Парите ќе бидат префрлени на онаа банкарска сметка која клиентите ја користеле при нарачка на производот. Барањето за замена/поврат се доставува на адреса на продавачот.

Сите понатамошни тековни ажурирања на Политиката за поврат ќе бидат објавени на нашата веб-страница.

XII. COOKIES

Нашиот сајт може да корсти cookies.

Тоа се мали текстуални фајлови со податоци, коишто се снимени на Вашиот хард диск. Ние може да користиме cookies со цел да ги дознаеме Вашите преференции и да создадеме понуди кои ќе ги задоволуваат истите. Преку Cookies не собираме лични податоци туку препознавање на вашиот компјутер при следна посета на нашиот сајт.

Скопје, 2015 година