Св. Недела

3D рамкаЗлато
30.600 ден.

Света Недела се раѓа и живее во едно бурно и страшно време за христијаните, време кога со Римската империја управуваа царот Диоклецијан и неговиот зет Максимијан, познати по својата суровост и непријателство кон христијаните. Во нивното царство, во Анадолија, живеат побожните и благочестиви но и бездетни сопружници Доротеј и Евсевија.

Но со постојана молитва со вера и надеж во Бога, Господ се смилува и им подари чедо кое се раѓа токму во неделен ден поради што и го добива името Недела. Родителите на долгочеканото чедо се погрижиле уште во раното детство, својата рожба да ја воспитаат и воведат во христијанската вера, да и го доближат Спасителот Господ Исус Христос Кој и постана нејзин пат, живот и вистина.

- Иконата се одржува со повремено бришење на прашината со сува крпа.

- Дозволено е повремено бришење со наводенета крпа без хемикалии.

- Се поставуваат закачени на ѕид или штафелај.

- Се препорачува да не се изложени на влага и сонце.