Св. Климент

3D рамкаЗлато
36.500 ден.

Свети Климент Охридски (840 - 27 јули 916, Охрид) — македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија.

По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица) каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

- Иконата се одржува со повремено бришење на прашината со сува крпа.

- Дозволено е повремено бришење со наводенета крпа без хемикалии.

- Се поставуваат закачени на ѕид или штафелај.

- Се препорачува да не се изложени на влага и сонце.