Пресвета Богородица Троерачица

3D рамкаЗлато
136.000 ден.

Слични или поврзани

Моментално недостапни дела кои ќе се изработат на ваше барање.

Контакт

Иконата „Пресвета Богородица Троерачица" се издвојува од останатите заради нејзината поврзаност со Скопје и Македонија. Оригиналната икона насликана од св. Дамаскин во 9 век, украсена со 2,500 скапоцени камења, била донесена од Ерусалим во Скопје од страна на св. Сава, кој и ја подарил на скопската црква која била именувана според иконата. На неа е насликана Богородица како го држи во раце детето Исус, но се појавува и трета рака, која се толкува како Божја. Заради тоа таа била сметана за чудотворна.

По Скопје иконата била видена во Хиландар на Света Гора, а потоа и во други делови на Балканот. Тимот на „Азно" ја изработува најблиску до оригиналот на св. Дамаскин. Доловена е нејзината трета димензија, односно оригиналната рељефна структура, и исто така е украсена со камчиња.

- Иконата се одржува со повремено бришење на прашината со сува крпа.

- Дозволено е повремено бришење со наводенета крпа без хемикалии.

- Се поставуваат закачени на ѕид или штафелај.

- Се препорачува да не се изложени на влага и сонце.