На изложбата, која ќе содржи рачно изработен уметнички накит од природни еко материјали, ќе говори Розе Трајчевска.

Организатор на изложбата е Центарот за култура и културолошки студии.
Извадок од рецензијата на проф. д-р Лорета Георгиевска – Јаковлева:
„Уметничките еко-алки, изработени пред 25 години, а токму заради проверка на експериментот достапни за јавноста дури сега, сами по себе сведочат: нема ништо нетрајно во природните материјали, тие се со иста структура и интензитет на бојата како и во времето на нивното настанување. А ние би додале: нивниот дизајн и сега, по четвртина век, ги прави посакуван моден детаљ за сите оние кои излегуваат од калапот на трендовската мода".

Центарот за култура и културолошки студии од своето формирање е насочен кон активно делување на културата во развивањето на демократскиот потенцијал на општеството. ЦККС е дом за сите оние кои културата ја сметаат за важен дел од својот личен, професионален и општествен живот.

